Со антиевропските ДПМНЕ и Левица, Мицкоски и Апасиев нема иднина, само изолација и стагнација, реагираат од СДСМ.
-Со ДПМНЕ и Левица нема поголеми плати и пензии, има само споменици и стиропор за богатење на Белата плата, врз грбот на народот.
ДПМНЕ е партијата којашто беше против покачувањето на минималната плата и во чие 11 годишно време на владеење изнесуваше 8.000 денари. Работниците беа третирани како евтина работна сила, со згазено достоинство и без вреднуван труд. Со ДПМНЕ 8.000 денари а со СДСМ минимална плата е 20.175 денари и повторно ќе расте дополнително.
Со ДПМНЕ просечната плата изнесуваше 22.000 денари, со СДСМ просечната плата е над 37.000 денари. Просечната пензија СДСМ ја зголеми за 40% – велат од партијата.
Во време на ДПМНЕ, во 2016 година, велат од СДСМ, просечната пензија изнесувала 13.754 денари, додека во март 2023 година просечната пензија е покачена на околу 20.000 денари.
-Во времето на ДПМНЕ минималната пензија беше 9.000 денари, денес е 13.200 денари. Над 160.000 корисници на пензија биле под прагот на сиромаштија од 14.000 денари, дефиниран од Светска банка, а СДСМ го намали на повеќе од половина, за над 50%. Пензиите ќе растат со СДСМ, а со новата методологија ќе се усогласуваат на секои шест месеци врз основа на растот на трошоците за живот и на просечната плата. Интеграцијата носи економски напредок и подобар животен стандард на граѓаните, а изолацијата економско уназадување – велат од СДСМ.
Текстот СДСМ: Со ДПМНЕ и Левица нема поголеми плати и пензии е превземен од МАКФАКС.