Се продолжува рокот за аплицирање за финансиска поддршка – 43.500 денари по вработен за центрите за странски јазици

пред 3 години

На барање на здруженијата на центри за странски јазици и на едукативните центри за деца, Владата на одлучи да излезе пресрет и да го продолжи рокот за аплицирање за грантови за регистрирани компании во оваа дејност до 28-ми декември до 11:59 часот.

„Потсетуваме дека центрите за странски јазици и едукативните центри за деца аплицирањето за грантови треба да го извршат со доставување на барање на електронската пошта:[email protected], со што добиваат можност за еднократна финансиска помош, во вредност од 43.500 денари по вработен.

Во прилог на барањето за финансиска поддршка преку електронска пошта, правните субјекти треба да ги приложат следните документи:тековна состојба (документ од Централен регистар не постар од 3 (три) месеци;уверение за платени даноци и придонеси од УЈП не постаро од 3 (три) месеци и список на вработени по даночен обврзник заверен од АВРСМ не постар од 15 (петнаесет) дена.

Share
Scroll to Top