Системот „Е-даноци“ работи забавено поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, да не се чека последниот рок, апелира УЈП

Системот „Е-даноци“ работи забавено поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, да не се чека последниот рок, апелира УЈП

пред 2 месеци

Управата за јавни приход известува дека поради зголемен прилив на поднесувања на ДДВ-04 пријавите, некои даночни обврзници имаат тешкотии при поднесувањето на пријавите.

Тимови од УЈП, како што соопштуваат, активно го следат функционирањето на системот.

„УЈП постојано апелира до даночните обврзници и сметководителите да не го чекаат последниот момент за поднесување и кооперативно да придонесат за навремено, целосно и точно исполнување на даночните обврски со цел да се спречат вакви ситуации кога има масовно поднесување во последните денови пред истекот на законскиот рок и е потребно повеќе време за обработка во системот на УЈП“, велат од Управата.

Текстот Системот „Е-даноци“ работи забавено поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, да не се чека последниот рок, апелира УЈП е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top