Трипуновски: Бројот на тутунари драстично опаѓа, СДСМ го уништи тутунопроизводството

Трипуновски: Бројот на тутунари драстично опаѓа, СДСМ го уништи тутунопроизводството

пред 8 месеци

Денеска се исплатени субвенциите за тутун на 14.300 тутунопроизводители. Ова ќе беше добра вест се додека не ја погледнеме статистиката за тутунот и тутунопроизводителите, вели дополнителниот заменик министер за земјоделство, Цветан Трипуновски,

„Во 2023 година имаме 17.587 тутунопроизводители, а субвенции добиле само 14.300, односно 3.287 тутунопроизводителите не добиле субвенции, а вкупниот број на тутунопроизводителите е намален за неверојатни 5.851 во споредба со 2016 година кога сме имале регистрирано 23.438 тутунопроизводители.

Дополнително количината на откупен тутун во 2023 година изнесува 14.8 милиони килограми или за 10.4 милиони килограми помалку споредбено со 2016 година кога вкупно биле откупени 25.2 милиони килограми тутун.

Сите овие негативни статистики за бројот на тутунопроизводителите и количината на откупен тутун си имаат и негативен финансиски удел, односно само по основ на извоз на тутун во 2023 година имаме неверојатни 70 милиони евра помал девизен приход во споредба со 2016 година.

Ова се “успешните“ земјоделски политики на Николовски и СДСМ, низ статистиката гледаме како се уништува македонското земјоделство и како секој ден се повеќе се намалува бројот на земјоделците во Македонија.

Во прилог ви испраќаме линк до facebook објавата на Цветан Трипуновски, како и инфографиците“, реагира Трипуновски.

Текстот Трипуновски: Бројот на тутунари драстично опаѓа, СДСМ го уништи тутунопроизводството е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top