1.198 даночни обврзници да го платат веднаш ДДВ долгот за октомври, повика УЈП

УЈП: Поднесете ги ДДВ-04 пријавите навреме, избегнете дополнителни трошоци

пред 3 месеци

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители и навремено да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25-ти февруари (вторник).

„До вчера до крај на работниот ден од очекуваните 7.396 ДДВ пријави, поднесени се 1.862 што претставува 25% од вкупниот број на ДДВ – 04 пријави за овој даночен период. Ова покажува дека значителен број на обврзници сè уште не ја исполниле својата законска обврска, односно остануваат да се поднесат уште 5.534 ДДВ – 04 пријави“, велат од УЈП.

Управата за јавни приходи апелира до сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски навремено, за да избегнат стрес, казни и дополнителни финансиски трошоци.

„Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата е од исклучителна важност за правилното усогласување со даночните прописи, одржување на финансиската стабилност на бизнисите и за развојот на економијата.

Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации или поддршка можат да се обратат на:

Е-пошта: [email protected]
Телефонски броеви:
Од фиксна линија: 0800 33 000
Од мобилен телефон: 02 3253 200

Управата за јавни приходи и нејзините тимови во секое време стојат на располагање за да обезбедат информации со цел успешно исполнување на даночните обврски од страна на даночните обврзници“, се додава во соопштението на УЈП.

Текстот УЈП: Поднесете ги ДДВ-04 пријавите навреме, избегнете дополнителни трошоци е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top