Хонда префрла дел од своето производство во Америка

Хонда префрла дел од своето производство во Америка

пред 5 дена

Јапонскиот автомобилски гигант Хонда најави дека производството на својот хибриден модел Civic со пет врати, наменет за американскиот пазар, ќе го пресели од Јапонија во САД.

Според портпаролот на компанијата, производството на тој модел во фабриката „Јори“, во близина на Токио, најверојатно ќе заврши во јуни или јули.

Одлуката доаѓа во контекст на тарифата од 25 отсто воведена од администрацијата на Доналд Трамп за возила произведени надвор од САД и наменети за американскиот пазар, давачка што тешко ја погоди Хонда, како и други производители на автомобили надвор од САД.

Текстот Хонда префрла дел од своето производство во Америка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top