Црногорскиот гигант „Унипром“ се гаси по 50 години работа – откази добија 500 работници

пред 3 години

Директорот на „Унипром“, сопственик на Комбинатот за алуминиум на Подгорица (КАП), Веселин Пејовиќ, денеска најави затворање на КАП и дека над 500 работници ќе останат без работа.

Пејовиќ рече дека етапното исклучување ќе започне на 15 декември и дека тоа е конечната одлука и дека повеќе нема да има преговори.

„ После 50 години работа на КАП, и осум години откако со него управува „Унипром“, во време кога цената на алуминиумот е многу поволна на берзата, за жал морам да кажам дека направија се за денеска да објават дека Комбинатот за алуминиум се затвора“, рече Пејовиќ.

Ова е првпат, рече тој, проблемите и тешкотиите да се споделат со јавноста.

Тој изрази загриженост поради отпуштањето на над 500 работници и прекинот на соработката со повеќе од 200 домашни компании, пренесува порталот ЦДМ.

„Унипром“, кој е сопственик на КАП, претходно најави дека ќе го прекине производството поради високите цени на струјата и ќе отпушти 500 работници.

Според договорот со „Електропривреда“ (ЕПЦГ), тие досега плаќаа 45 евра за мегават-час (MWh), а сега им се нуди таа цена да биде околу 120 евра поради поскапувањето на струјата на европските берзи.

Share
Scroll to Top