Кога ќе се спомене зборот осигурување на поголемиот дел од нас прво им паѓа на памет осигурување на возилото, на домот, на деловните простории, исите оние нешта што имаат одредена вредност и значење за нас. Првенствено одбираме да ги осигуриме материјалните нешта кои се помалку или повеќе заменливи, но често недостасува навика даодбераме осигурување кое може да обезбеди финансиска заштита за нашето семејство. Животното осигурување е најценет и најчест облик на осигурување во развиените земји, и тоа од повеќе причини. Пред сè затоа што е заштита на оние кои финансиски зависат од нас и второ затоа што на него се гледа како на штедење. Полисите за животно осигурување претставуваат единствен финансиски производ кој во исто време нуди опција за осигурување од ризик и штедење.
Полисата за животно осигурувањеовозможува лична безбедност и грижа за себе и за семејството. А исто така, добива и дополнителна вредност токму по истекот на полисата, со враќање на вложените средства на осигуреникот. Осигуреникот по истекот на полисата средствата може да ги искористи за значајни животни приоритети: патување, реновирање, стипендиска рента, пензиска рента и можност со дел од средствата повторно да направи полиса за осигурување на живот за себе или некој близок.
Склучување договор за животно осигурување опфаќа различни барањаи референци во зависност од полот, возраста, животниот стил и животните навики. Индивидуалното осигурување на животот на осигурителната компанија Кроациа осигурување нуди голем број предности и можности кога е во прашање полиса за животно осигурување. Полисата Индивидуално осигурување на животот нуди можност за избор на должина на полисата меѓу 10 и 25 години, избор на начинот на плаќање, како и прилагодување на сумата која се уплаќа, почнувајќи од минимална годишна сума од приближно 11.000 денари.
И најважно е при склучување на животно осигурување да се направи правилен избор на компанија, што има знаење, традиција, стабилност и сигурност во работењето. Кроациа осигурување е компанија која успешно работи во осигурителниот сектор од нејзиното основање во 1884 година, воедно е првата компанија за осигурување живот регистрирана во земјава и финансиска институција кај нас која поседува меѓународен сертификат за воспоставен систем за управување согласно стандардот за квалитет ISO 9001:2015, меѓународен сертификат за воспоставен систем за задоволство на корисниците и процес за управување со поплаки согласно стандардот ISO 10002:2018.
(ПР текст)