Ќе се формира Центар за поддршка на македонските компании при настап на НАТО пазарот

пред 4 години

Во врска со нформацијата за формирање на Центар за поддршка на македонските компании при настап на НАТО пазарот, Владата го задолжи Министерството за одбрана во постоечката организациска структура на министерството да го вгради Центарот за поддршка на компании при настап на НАТО пазарот.

Дополнително за ова прашање Владата го задолжи Министерството за финансии да издаде финансиска согласност за вработување на административни службеници во Министерството за одбрана, за работни места поврзани со Центарот, за кои веќе се обезбедени финансиски средства во буџетот на Министерството за одбрана и тоа за еден државен советник, еден советник и еден соработник.

Share
Scroll to Top