45 години Пекабеско се одбележуваат со донација на медицинска опрема за Детската клиника

45 години Пекабеско се одбележуваат со донација на медицинска опрема за Детската клиника

пред 6 дена

Македонскиот бренд Пекабеско годинава слави значаен јубилеј – 45 години од своето основање. Компанијата која преку успешна работа, препознатлив квалитет, инвестиции и иновации во производството, но и вистинска грижа за заедницата уште еднаш покажа дека ја заслужува лидерската позиција во производството на сувомесни производи и логистичко-дистрибутивната дејност.

„Децата се нашето најголемо богатство. Како општествено одговорна компанија, одлучивме финансиските средства во висина од 20 илјади евра наменети за прослава на 45годишниот јубилеј да ги пренамениме за набавка на медицински апарати за потребите на Детската клиника во Скопје. Би сакал да се заблагодарам за партнерството и професионалноста во овој процес на Министерството за здравство кое ги одреди приоритетните потреби со цел обезбедување поквалитетни услуги за новороденчињата и побезгрижно родителство за семејствата.“, изјави Слободан Кутревски, Прв извршен директор на Пекабеско по средбата со министерот за здравство, Арбен Таравари.

Со оваа донација, Пекабеско дава директна поддршка на активностите на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести преку донирање на еден инкубатор, два бебитерми и два перфузори директно наменети за Одделот за неонаталогија и специјална неонатална интензивна нега на оваа Клиника.

Дополнително, во соработка со Општина Илинден, Пекабеско обезбеди и донација од 10 илјади евра која ќе се намени за изградба на детско игралиште во Илинден, Општината во која во 2012 година Пекабеско отвори најсовремен производствено – логистичкиот центар, а во кој компанијата последниве 13 години инвестираше сопствени 28,3 милиони евра.

Овие активности се само дел од постојана грижа за заедницата на Пекабеско покажувајќи општествена свесност, но и колку високо ја цени поддршката која ја ужива на македонскиот и извозните пазари. Оваа македонска компанија перманентно ја зајакнува и својата општествено-одговорна компонента, гради партнерства, давајќи придонес и поддршка на многубројни културни, спортски, младински и хуманистички активности.

ПР текст

Текстот 45 години Пекабеско се одбележуваат со донација на медицинска опрема за Детската клиника е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top