ЧИСТ ВОЗДУХ! Инвестирајте во поздрава иднина на вашите деца

пред 3 години

Една од најголемите загрижености на секој родител во подглед на иднината на своето дете е како да го заштити од енормното ниво на загадување на воздухот и да му обезбеди поздрави услови за живеење.

Покрај надворешното, загадувањето се случува и внатре во домот, кое што, за среќа, можеме да го контролираме. Развојот на технологијата работи на формирање на решенија за подобра иднина и обезбедување на почиста и побезбедна средина за живеење, што е предуслов за здрави генерации.

Решенијата на Daikin ветуваат поздрав и поквалитетен воздух во домот благодарение на иновативната технологија Flash Streamer, која е вградена во голем број од производите на Daikin.

Daikin прочистувачите за воздух имаат моќ да ги совладаат штетните загадувачи, така што ги уништуваат најситните ПМ 2,5 честички од прав, полен, бактерии и вируси.

Последното истражување на Daikin Industries покажа дека Flash Streamer технологијата која се содржи во прочистувачите го деактивираат SARS-CoV-2 вирусот до 99,97% по 3 часа озрачување на истиот.

Овие прочистувачи вшмукуваат воздух преку три насоки, нивниот електростатички HEPA филтер ефикасно ги заробува загадувачите, а Flash Streamer технологијата ги разложува и неутрализира штетните материи.

Новите технолошки решенија на Daikin инвертер клима уреди овозможуваат ефикасно филтрирање, обезбедувајќи подобар квалитет на воздухот во просториите.

Покрај иновативната технологија, овие решенија содржат повеќе филтри за прочистување на воздухот. Дезодорирачкиот филтер од титаниум апатит ги разложува непријатните мириси, а уникатниот сребрен филтер за прочистување на воздухот задржува 99% од алергените во просториите.

Истите користат најнови технологии за да постигнат поголема енергетска ефикасност, при што ќе обезбедат идеална атмосфера во домот. Зголемувајќи ја заштедата на енергија до 30%, инвертер решенијата се и “eco-friendly” и користат Bluevotion технологија за повеќе да се намали влијанието врз средината и да се подобрат енергетските перформаси.

Благодарение на патентираната Flash Streamer технологија на Daikin воздухот во вашиот дом ќе биде постојано чист.

Решенијата на Daikin се идеални за оние кои страдаат од алергии, астма и отежнато дишење, така што ги намалуваат симптомите со ефикасно отстранување на штетните честички, правејќи го воздухот во домот чист, здрав и свеж.

Кај децата како најранлива група, земјаќи го предвид фактот дека нивниот имунолошки систем е сè уште во фаза на развој, влијанието од загадениот воздух може да доведе до трајни последици. За таа цел, обезбедување на решение за почист воздух во домот е неопходна.

Со врвниот квалитет на Daikin ќе им овозможите на вашите најмили чиста и здрава средина и ќе инвестирате во подобри услови за развој на здрави генерации и подобра иднина. 

Прочитајте повеќе за решенијата на Daikin на линкот подолу: Daikin прочистувачите за воздух

Share
Scroll to Top