Oдржување на макроекономската стабилност во прилог на економскиот развој: прва средба меѓу гувернерот Славески и директорката на Светската банка, Межеван

Oдржување на макроекономската стабилност во прилог на економскиот развој: прва средба меѓу гувернерот Славески и директорката на Светската банка, Межеван

пред 2 дена

Денеска се одржа првата официјална средба меѓу гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и новоименуваната директорка на Канцеларијата на Светската банка за Северна Македонија и Косово, Кaрол Межеван. На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на соработката со Светската банка, којашто претставува важен партнер во поддршката на националните политики и на институционалниот развој.

Славески ѝ посака успешно работење на Межеван на новата функција и го изрази задоволството од досегашната продуктивна соработка со Светската банка, којашто преку проекти за техничка помош, анализи и препораки, придонесува за зголемување на институционалните капацитети и за успешно остварување на најважните реформски активности.

Особено внимание им беше посветено на прашањата поврзани со дигиталната трансформација на финансискиот сектор, унапредувањето на финансиската вклученост, развојот на пазарите на капитал и зголемувањето на отпорноста на финансискиот систем кон светските шокови. Притоа, беше нагласено дека Народната банка и во иднина ќе биде отворена за понатамошна соработка во сите полиња каде што поддршката на Светската банка може да придонесе за натамошно јакнење на макроекономската стабилност и за создавање услови за економски напредок.

И гувернерот, и директорката се согласија дека од суштинска важност за справувањето со предизвиците од новото светско економско окружување е градењето стабилни и силни институции, коишто меѓусебно се координираат и се поддржуваат преку меѓународна соработка.

Текстот Oдржување на макроекономската стабилност во прилог на економскиот развој: прва средба меѓу гувернерот Славески и директорката на Светската банка, Межеван е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top