На дигиталната церемонија на Automobiles awards, одржана на 7 декември 2020 година во Париз, новиот PEUGEOT 3008 ја доби наградата „Автомобил на годината 2020“, доделена од јавноста, PEUGEOT е-Expert ја прими специјалната награда од жирито, а брендот PEUGEOT беше именуван како „Бренд на годината“ од генералните менаџери на 39 брендa учесници.
За своето трето издание, Automobiles Awards имаат за цел да ги наградат најистакнатите производители и најиновативните производители на опрема во моментот, доделувајќи вкупно педесет награди. Оваа година, жирито со кое претседаваше Арно Дукрет ги избраа победниците. Само наградата „Автомобил на годината 2020“ ја додели јавноста, која го номинира најистакнатиот автомобил на годината од сите категории заедно.
На гласањето на кое се собраа 245.000 гласачи, се изедначија новиот PEUGEOT 3008 и Porsche 911 С од единаесетте кандидати кои беа во конкуренција. Новиот PEUGEOT 3008, претставен во септември минатата година, со својот нов дизајн ја претставува новата ера на модерност со редизајнираниот преден дел и новите Full LED задни светла. За да се отелотвори “Моќта на избор“ и да се усогласат задоволството и ефикасноста при возење како опција се нудат хибриди на полнење, бензински или дизел мотори.
Новиот е- Expert ја освои специјалната награда од жирито во категоријата комерцијални возила. Со својот 100% електричен мотор е совршен пример за „Моќта на избор“. Новиот e-Expert нуди две нивоа на автономија кои овозможуваат до 330 km во циклусот на сертификација WLTP и на тој начин овозможува неограничен пристап централните градски подрачја.
Брендот PEUGEOT ја освојува наградата „Бренд на годината“. Оваа награда е доделена од страна на генералните менаџери на брендовите учесници.
(ПР текст)