Porsche Road Show ги спои најновите технологии и страста кон возењето

Porsche Road Show ги спои најновите технологии и страста кон возењето

пред 4 часа

Успешно заврши овогодинешното Porsche Road Show: 13.800 километри чиста адреналинска страст низ Македонија

Изминатите четири дена беа во знакот на врвните перформанси, луксузот и неповторливото уживање во возењето. Porsche Center Skopje успешно го организираше овогодинешното издание на ексклузивниот настан Porsche Road Show, кој обедини совршена комбинација од спортски дух, иновативна технологија и живописни предели.

Настанот се одвиваше во текот на четири дена, при што секој ден група од по 20 гости – претставници на медиумите, влијателни личности од дигиталната сфера (инфлуенсери) и љубители на брендот – имаа уникатна можност да ги тестираат најновите и најмоќните модели на Porsche.

Караванот стартуваше од Porsche Center Skopje, од каде што учесниците преку живописната рута до Неготино заминаа кон крајната дестинација – винарија „Лазар“. По динамичното возење и дружењето во уникатниот амбиент на винаријата, учесниците се упатија назад кон Скопје, заокружувајќи го незаборавно автомобилско искуство.

Вкупно 12 ексклузивни возила ја покажаа својата супериорност на патот:

· 911 Turbo S Coupe и 911 Turbo S Cabriolet – Иконите на Porsche кои ги дефинираат перформансите на патеката и патот.

· Taycan Turbo S Cross Turismo и Taycan GTS – Целосно електричниот шарм кој докажува дека иднината на спортските автомобили е веќе тука.

· Cayenne Electric Turbo и Cayenne Electric Turbo Coupe – Новата ера на целосно електрични луксузни SUV модели.

· Cayenne S PHEV Black Edition и Cayenne PHEV Black Edition – Моќни хибриди во елегантно и доминантно издание.

· Panamera Turbo PHEV и Panamera Turbo S PHEV – Врвен спој на лимузински комфор и хибридна спортска моќ.

· Два модели Macan GTS – Практични, но исклучително динамични компактни SUV возила со препознатлив GTS карактер.

Во текот на сите четири дена, 80-те гости со караванот поминаа вкупно 13.800 километри, тестирајќи ги перформансите на сите погонски системи: од

класичните бензински мотори со внатрешно согорување, преку напредните plug-in хибриди, сѐ до целосно електричните BEV модели.

„Porsche Road Show е повеќе од обично пробно возење – тоа е искуство кое ја пренесува самата суштина на брендот Porsche. Горди сме што преку оваа рута, во добро друштво и под совршени услови, успеавме на нашите гости да им овозможиме одблизу да ги почувствуваат моќта, прецизноста и емоцијата што ги нуди секој од овие 12 модели,“ изјавија од тимот на Porsche Center Skopje.

Настанот уште еднаш ги потврди лидерските позиции на брендот Porsche во однос на иновациите, одржливоста и беспрекорната инженерска совршеност.

(ПР)

Текстот Porsche Road Show ги спои најновите технологии и страста кон возењето е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top