„United Grоup“ ја купува бугарската „Нова“

пред 4 години

United Group, водечкиот телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, денес објави дека постигна договор за преземање на Nova Broadcasting Group, најголемата бугарска мулти-платформска медиумска компанија, од Advance Media Group. Во рамките на United Grоup, водечкиот телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, во С. Македонија работи компанијата Тотал ТВ.

Трансакцијата се очекува да заврши на почетокот на следната година, по вообичаените регулаторни одобрувања. NOVA TV, националната телевизија во Бугарија, 10 телевизиски канали, најголемата онлајн платформа – Net Info, која секој месец ја гледаат просечно 80% од населението во земјата и четири радиостаници, се дел од Novа.

Victoriya Boklag, извршната директорка на United Grоup, изјави: „Многу сме задоволни од постигнатиот договор. Купуваме успешна компанија од двајца истакнати претприемачи, со големи изгледи за понатамошен раст во рамките на Групата. Новата аквизиција е во согласност со целокупната деловна стратегија на United Grоup, која поседува телекомуникациски и медиумски компании на пазарите на кои работиме. Новата радиодифузна група го надополнува нашето постоечко медиумско портфолио и уверена сум дека ќе најдеме многу синергии, што ќе ни овозможи на кој било пазар понатаму да инвестираме во локална содржина што брзо ќе допре до публиката “.

Георги Домушчиев, извршен директор на Advance Media Group, рече: „Оваа аквизиција е голем успех и голема можност за Novа, нејзините гледачи, слушатели и посетители. Би сакал да им се заблагодарам на сите што ни помогнаа да ја развиваме водечката бугарска комерцијални медиумска група. Договорот со United Grоup ќе обезбеди континуиран развој на Novа “.

Инвестицијата претставува четврта голема трансакција откако BC Partners стана мнозински сопственик на United Grоup, во март 2019 година.

Работејќи истовремено во телекомуникацискиот и медиумскиот сектор, платформата на United Grоup ги комбинира водечките оператори и најдобрите производители на медиумски содржини во Југоисточна Европа. Компанијата има приближно 10 милиони корисници и 11 илјади вработени.

За United Group:

Со седиште во Амстердам, United Group е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа. Преку значителни инвестиции во дигитална инфраструктура, содржини и технологија, таа обезбедува водечки услуги за клиентите низ целиот регион. За 20 години од основањето, United Group купи и успешно интегрираше повеќе од 100 компании. Секоја година одвојува значителни средства за развој на дигитална инфраструктура, оригинални медиумски содржини и технологија. United Group од март 2019 година е во сопственост на BC Partners, една од најголемите глобални инвестициски компании, и работи во осум земји.

Share
Scroll to Top