Безос стана „потежок“ за 8,4 милијарди долари за еден ден, профитираше иако не направи ништо

пред 3 години

Најбогатиот човек во модерната историја на светот, Џеф Безос, стана уште побогат.

Како што пренесуваат агенциите, акциите на „Амазон“ нагло скокнаа по веста дека Пентагон го откажува контроверзниот договор со американскиот технолошки гигант „Мајкрософт“.

Акциите на „Амазон“ пораснаа за 4,7 проценти откако Пентагон објави раскин на договорот, со што нето богатството на Безос се зголеми за 8,4 милијарди долари за само еден ден.

Безос, кој официјално се повлече од функцијата главен извршен директор на „Амазон“, но задржа 10,3 проценти од акциите во компанијата, сега вреди 211 милијарда долари. Тоа е историски рекорд откако „Блумберг“ започна да ја следи нето-вредноста на светските милијардери.

Претходното рекордно ниво од 210 милијарди долари кратко го држеше извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск во јануари годинава, но неговото богатство оттогаш падна на „само“ 181 милијарда долари, што го прави втора најбогата личност во светот.

Пентагон во вторникот објави дека го раскинува договорот вреден 10 милијарди долари, познат како „Заеднички одбранбен инфраструктурен подвиг “ (ЈЕДИ), што го потпиша со Мајкрософт во 2019 година, пренесоа агенциите.

Share
Scroll to Top