„Мерките на Владата даваат резултат. Стапката на инфлација во октомври изнесува 3,5 % и е преполовена во споредба со претходниот месец кога растот на трошоците за живот изнесуваше 6,6 %“, објави на својот фејсбук-профил министерот за економија, Крешник Бектеши, откако Државниот завод за статистика ги објави индексите за трошоци за живот и цени на мало за октомври 2023 година.
„Трошоците за живот во делот на храна и безалкохолни пијалаци во октомври бележат раст од 1 %, што е драстично намалување во споредба со 7,8 % пресметани во претходниот месец“, пишува тој.
„Во споредба со октомври 2022 година, кога инфлацијата изнесуваше 19,8 %, за една година бележиме намалување на инфлацијата од 5,5 пати“, додава Бектеши и појасни дека Владата носи мерки во интерес на граѓаните и заштита на животниот стандард.
Текстот Бектеши: Мерките даваат резултат, инфлацијата за еден месец преполовена, трошоците за живот за една година намалени 5,5 пати е превземен од МАКФАКС.