Божиновска во Астана: „Критичните минерали се новата геополитичка оска на енергетската транзиција“

Божиновска во Астана: „Критичните минерали се новата геополитичка оска на енергетската транзиција“

пред 2 дена

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на пленарната сесија „The Resource Race: Who Controls the Green Future“ во рамки на Астана Интернационалниот Форум 2025, каде што истакна дека критичните минерали стануваат клучен фактор во глобалната енергетска и безбедносна политика.

Сесијата посветена на глобалната трка по критични минерали и ретки елементи, кои се од суштинско значење за енергетската транзиција и развојот на зелени технологии, отвори дискусија за геополитичките импликации од новата фаза на ресурсна конкуренција, со акцент на пристапот до суровини, ризиците во синџирите на снабдување, ресурсниот национализам, како и новите иновации во рециклирањето.

„Преодот кон обновливи извори на енергија и зелените технологии предизвикува невидена побарувачка за критични минерали како литиум, кобалт, бакар, графит. Овие ресурси освен што се важни индустриски суровини – тие се стратешки алатки што го обликуваат новиот светски поредок“, рече Божиновска.

Министерката Божиновска ги сподели перспективите на Македонија за улогата на помалите земји во новата мапа на глобални енергетски интереси, со акцент на одржливо искористување на ресурсите, регионалната соработка и посветеноста на еколошките стандарди и доброто владеење.

Таа предупреди дека глобалната концентрација на преработка на критични минерали во неколку земји, што претставува сериозен ризик за енергетската безбедност.

„Во време кога светот се стреми кон декарбонизација, не смееме да дозволиме нова форма на зависност – овојпат не од фосилни горива, туку од минерали под геополитичка контрола,“ нагласи министерката.

Божиновска истакна дека Македонија има потенцијал да стане дел од решението преку одржливо искористување на сопствените минерални ресурси и развој на капацитети за преработка и складирање. Таа го посочи новиот закон за енергетика, кој предвидува дека сите нови енергетски капацитети мора да вклучуваат батериски системи за складирање од најмалку 20% од инсталираниот капацитет, како чекор кон зголемување на флексибилноста на мрежата и подобра интеграција на променливите извори на енергија.

„Нашата цел е да изградиме енергетски систем кој е отпорен, одржлив и независен. Тоа значи не само инвестиции во обновливи извори, туку и во технологии за складирање, рециклирање и одговорно управување со минералните ресурси“, додаде таа.

Текстот Божиновска во Астана: „Критичните минерали се новата геополитичка оска на енергетската транзиција“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top