Божиновска-Хулман Марти: во фокусот енергетиката

Божиновска-Хулман Марти: во фокусот енергетиката

пред 2 дена

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес оствари работна средба со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во Северна Македонија, Вероник Хулман Марти.

На средбата се разговараше за продлабочување на билатералната соработка во енергетскиот сектор, со посебен акцент на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и техничката поддршка за реализација на стратешки проекти. Божиновска ја истакна важноста на швајцарската поддршка во процесот на енергетска транзиција и ја изрази благодарноста за досегашната соработка.

,,Соработката во енергетиката е клучна за одржливиот развој на нашата земја. Веруваме дека преку заеднички проекти ќе обезбедиме почиста енергија и подобар квалитет на живот за граѓаните“, изјави Божиновска.

Амбасадорката Хулман Марти ја нагласи подготвеноста на Швајцарија да продолжи со поддршка на реформските процеси во енергетскиот сектор и да придонесе кон зајакнување на институционалните капацитети. Таа исто така ја истакна важноста на партнерството во областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија.

Двете страни се согласија дека идната соработка ќе се фокусира на заеднички проекти кои ќе придонесат за одржлив економски развој и енергетска безбедност на Македонија.

Оваа средба претставува потврда на силното партнерство меѓу Македонија и Швајцарија и заедничката заложба за унапредување на енергетскиот сектор во согласност со европските стандарди, велат од ова министерство.

Текстот Божиновска-Хулман Марти: во фокусот енергетиката е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top