(Видео) „Fashion Group“: Да создадеме врeдности што немаат рок на траење!

(Видео) „Fashion Group“: Да создадеме врeдности што немаат рок на траење!

пред 1 година

Декември е месец кога владее магијата која ја создаваат убавите нешта. Здравици со семејството и пријателите, благодарност за она што не’ направило посилни и похрабри, надеж да ни’ се оствари она што долго го посакуваме….

Ова е и месец кој прави уште еднаш да се потсетиме кој и што во животот ни е навистина важно, што е она што ни предизвикува вистинска радост во срцето.

Сето ова го преточивме во една празнична приказна, полна љубов и топлина. Нашето новогодишно видео ви го посветуваме на сите вас кои се’ уште верувате во моќта на искрените мигови, традиција и надежта.

Семејството е богатство, сила и вредност, затоа ти благодариме што си дел од него! Среќа е кога сме сите заедно!

Да споделуваме уште многу убави моменти заедно и да создаваме заеднички традиции.

Ви посакуваме среќни празници!

Fashion Group

Организација и реализација: Fashion Group

Видео: Pinestel, Ѓорѓи Вацев

Модели: Антонела, Борјан, Марко, Зехра, Емили, Дорис, Давуд, Доли

Шминка и фризура: Милена Косиќ

ПР

Текстот (Видео) „Fashion Group“: Да создадеме врeдности што немаат рок на траење! е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top