Погрешните политики на актуелната власт, ги загрозува темелите на социјалната правда во нашето општество, оценува Даниела Колева, претседателка на Форум на Жени на СДСМ.
За само неколку месеци сведоци сме, вели таа, на економско осоромашување, зголемување на јазот помеѓу богатите и оние кои немаат доволно, но сведоци сме и на груба партизација на институциите, непотизам, неправди и тотална маргинализација на ранливите граѓани.
Според неа, нема социјална правда кога животниот стандард на граѓаните и на работниците драстично се влошува а богатите елити блиски до власта испумпуваат милиони евра.
„Со оргомните поскапувања секојдневието на граѓаните е сведено на борба за опстанок. Две минимални плати, веќе п не се доволни за покривање на основните потреби. А власта одбива да ја покачи минималната плата на 500 евра. Намалувањето на животниот стандард на граѓаниет драстично влијае на квалитетот на живот но и на намалување на можностите за граѓаните. Нема социјална правда кога царува непотизам во власта и кога роднини и пријатели на функцонерите на ВМРО-ДПМНЕ ги окупираат најдобрите места додека нема простор ниту шанса за младите“.
СДСМ, како што нагласи, се противи на овие погрешни политики.
„Денес, на Светскиот ден за социјална правда, испраќаме јасна порака –дека СДСМ ќе ја продолжи борбата за праведно општество, за еднакви можности и за достоинствен живот за сите граѓани и јавно ќе се спротивстави на политиките на власта кои ја загрозуваат“.
Предлагаат конкретни мерки и законски решенија за подобрување на животниот стандард на граѓаните, за достоинството на работниците, за еднакви шанси.
Текстот (Видео) Колева: Паѓа животниот стандард, погрешните политики на власта ја загрозуваат и социјалната правда е превземен од МАКФАКС.