(Видео) Наумоски: ВМРО ОКГ направи пустош во секоја земјоделска гранка, пчеларството пред колапс

(Видео) Наумоски: ВМРО ОКГ направи пустош во секоја земјоделска гранка, пчеларството пред колапс

пред 4 часа

Денеска сме во село Староец, Кичевско, на покана на наш македонски пчелар, да ја видиме акутната ситуација, односно акутниот проблем со пчеларството, како една од значајните гранки на македонското земјоделство и прочуениот македонскиот мед секаде во светот, кажа Александар Наумоски од СДСМ.

„Како што се запознавме, навистина, генерален е проблемот во земјоделството и во сите негови гранки, особено во пчеларството, бидејќи на многу наши дедовци, на многу наши родители, кои што се од Западна Македонија, а не само Западна, од цела Македонија, своите пензионерски денови ги поминуваат во нашите села.

Со тоа имаме голем проблем не само за битисувањето на македонскиот земјоделец и на македонскиот пчелар и на македонскиот дедо и родител, туку имаме генерален проблем со понатамошното производство на македонскиот мед.

Од ова место сакам да упатам една критика до Владата. Навистина, ваква ситуација не заслужуваат нашите земјоделци. ДПМНЕ од една народна партија, се претвори во една организирана криминална група, која што заради сопствените лични голи интереси ги запостави сите пори на општественото живеење. Благи на уста, пред да дојдат на власт, како мед, меѓутоа, кога ќе се фатат за фотелјите тие претставуваат еден горчлив пелин за македонското земјоделство“, соопшти Александар Наумоски од СДСМ.

Текстот (Видео) Наумоски: ВМРО ОКГ направи пустош во секоја земјоделска гранка, пчеларството пред колапс е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top