(Видео) Ристова: Осум милиони евра исплатени кон граѓаните во првите три месеци преку мерката Мој ДДВ

пред 2 години

Владата предводена од СДСМ останува посветена на реализација на мерките кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните. Една од успешните мерки со кои државата исплаќа пари директно на сметките на граѓаните е мерката Мој ДДВ која се спроведува веќе трета година. Во првото тромесечје назад кај граѓаните исплатени се 491,5 милиони денари, односно близу осум милиони евра, изјави на денешната прес-конференција Лолита Ристова, пратеничка на СДСМ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Таа додаде дека во време на светска економска криза важен е секој денар плус што завршува во семејните буџети. Освен што обезбедува дополнителни приходи за граѓаните, мерката Мој ДДВ е важна и за унапредување на даночната дисциплина.

Ристова истакна дека заштитата и унапредување на животниот стандард се врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ.

Во време на светска економска криза преземаме низа мерки кои обезбедуваат повисоки плати и пензии и помали трошоци за граѓаните. Минималната плата ја зголемивме на 18.000 денари, а од септември следува рекордно зголемување на пензиите согласно новата методологија, изјави Ристова.

Таа додаде дека СДСМ како одговорна партија продолжува да реализира мерки и политики што значат вистинска грижа за сите категории граѓани.

Share
Scroll to Top