ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДСМ и ДУИ ќе се задолжи со 900 милиони евра за да ја закрпи буџетската дупка

пред 3 години

Владата на СДСМ и ДУИ безмилосно ги трошат народните пари. Затоа економијата е во колапс и затоа долгот на Македонија вртоглаво расте. Сега најавуваат ново задолжување од 900 милиони евра кое што нема да служи за развој туку за буџетска ликвидност. Тоа значи дека овој долг од скоро 1 милијарда евра е само за да се закрпи буџетската дупка. Ете на кое дереџе дојде Македонија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Од партијата наведуваат дека за 5 години власта потроши над 20 милијарди евра, а ништо не направија. За 5 години долгот порасна од 4,7 милијарди евра на над 7 милијарди евра и уште ќе расте до речиси 8 милијарди евра до крајот на годината. Ова значи дека оваа власт ја задолжи државата колку сите власти претходно.

Резултат од задолжувањето на Македонија нема. Над 35% се во ризик од сиромаштија, а државата е во топ 5 најсиромашни земји во Европа. Последни сме во регионот по економски раст, последни сме по привлекување на странски инвестиции, а нема ниту домашни капитални инвестиции. Нема ништо од најавуваните нови клинички болници, автопати, училишта и слични ветувања. Граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Инфлацијата само во месец март достигна 8,8%, цената на струјата за кратко време се покачи за 30%, горивата за 80%, килограм брашно поскапо 83%, додека литар масло за јадење е поскапо за 107%, а литар млеко е 47% поскап.

Парите од буџетот и од задолжувањата власта на СДСМ и ДУИ ги троши за милионски криминални физибилити студии, тендери во 4 очи, набавки на мебел, цвеќе, службени возила и жардињери.

Ова тонење на Македонија мора да престане. Мора да се оди на избори што поскоро бидејќи оваа власт не ги решава проблемите на граѓаните, туку само создава нови, се вели во соопштението.

Share
Scroll to Top