Додека државата и граѓаните тонат во кризи и сиромаштија, лицемерната влада на СДСМ и ДУИ администрирана од Ковачевски си трошела на луксуз, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека скоро 5 месеци знаеле дека ќе следува толку голема криза, но наместо мерки за заштита на стандардот на граѓаните ДУИ и СДСМ трошеле на мебел, возила, цвеќиња, кафиња и хотелски услуги.
Наместо да спречат ценовен шок, поважно за власта било министерството за надворешни работи да има 1.370.000 денари за мебел, 590 илјади денари за подароци и 350 илјади денари за цвеќиња.
Наместо помош за граѓаните и стопанството, за власта поважно било министерството за политички систем да троши 350 илјади денари за перење автомобили, 530 илјади денари за ажурирање на веб сајт, 400 илјади денари за набавка на жардињери, а за консултантски услуги 470 илјади денари.
Наместо да има поевтино гориво и поевтина струја за граѓаните, за власта било поважно секретаријатот за европски прашања раководен од Маричиќ да потроши 700 илјади денари за мебел и перење на коли, а министерството за внатрешни работи на Спасовски дури 15.400.000 за канцелариски мебел.
Знаеле за кризата, но сепак во рок од 5 месеци потрошиле над 2 милиони денари на непродуктивни трошоци. И откако си ги обезбедиле хировите, лицемерно велат дека треба да се штеди.
Да биде катастрофата поголема потрошиле над 2,5 милиони евра за набавка на нови луксузни автомобили од кои повеќето чинат над 30.000 евра, во период кога илјадници граѓани остануваа без работа и илјадници компании затворија.
Да се штеди требаше уште од порано бидејќи додека тие аздисувале со народни пари кризата удри по граѓаните и стопанството.
Но, штедење и домаќинско работење не е симбол за оваа расипничка и криминална влада на СДСМ и ДУИ.
Најголеми виновници за кризата која ја зафати Македонија се СДСМ и ДУИ, тие се проблемот и изворот на кризи, затоа потребни се предвремени парламентарни избори за Македонија и граѓаните да може да тргнат нагоре, се вели во соопштението.