ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче се демантирани за ИПАРД и напредокот на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче се демантирани за ИПАРД и напредокот на Македонија

пред 3 часа

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и лидерот на партијата, Венко Филипче, ширеле невистини за напредокот на Македонија и за ИПАРД-програмата, тврдејќи дека биле демантирани од европските институции.

Од партијата соопштија дека од Брисел пристигнало известување оти средствата од ИПАРД повторно им се достапни на македонските земјоделци, додека известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, посочил дека државата бележи напредок во спроведувањето на реформите.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ претходно ширел паника меѓу земјоделците со тврдења дека европските средства се блокирани и изгубени.

Од владејачката партија наведуваат дека Владата презела мерки по случајот со Платежната агенција, побарала вонредна контрола од Брисел и добила извештај според кој немало злоупотреби и постапките биле согласно закон.

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека СДСМ со ваквите настапи ја манипулира јавноста за политички поени, додека Владата, како што велат, продолжува да работи на евроинтегративниот процес и реформската агенда.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче се демантирани за ИПАРД и напредокот на Македонија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top