Големите синџир-маркети не ја поскапеле пакуваната вода, граѓаните да пријават поскапувања во маалските маркети, повика Пазарната инспекција

Големите синџир-маркети не ја поскапеле пакуваната вода, граѓаните да пријават поскапувања во маалските маркети, повика Пазарната инспекција

пред 4 недели

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, ги повика граѓаните да пријават доколку забележат поскапување на водата во Скопје во пресрет на најавениот прекин во водоснабдувањето, кој треба да почне утре во раните утрински часови. Пазарната инспекција, вчера, по добиените поплаки од граѓани за поскапена вода, направила контрола во големите синџир-маркети, но незаконско надминување на цената не утврдиле.

„Во текот на вчерашниот ден проверивме и кај поголемите правни субјекти нема надминување на цените. Кај помалите маалски маркети може да се оди по пријава. Ќе излеземе и ќе провериме. Зголемување на цената на пакуваната вода не е забележано вчера иако имаше поплаки за покачување“, рече Стојкоски.

Директорот Стојкоски уверува дека ќе постапат по секоја пријава од граѓани, а денес, министерот за економија, Бесар Дурмишиги повика и граѓаните да бидат инспектори. Тој апелира граѓаните да го пријават секое изигрување на цените на 1.100-те производи од новогодишната кошничка на бесплатниот број 191, а кои треба да бидат поевтини најмалку 10 проценти во споредба со најниската цена што ја имале во последните 30 дена.

Текстот Големите синџир-маркети не ја поскапеле пакуваната вода, граѓаните да пријават поскапувања во маалските маркети, повика Пазарната инспекција е превземен од МАКФАКС.