Големо зголемување на цените на горивата од полноќ

пред 2 години

Регулаторната комисија за енергетика попладнево донесе одлука за значително поскапување на цената на горивата. Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 7,96%.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 9,00 ден/лит, додека на безоловниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 9,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 9,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 8,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС останува иста.

Од 1.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 104,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 106,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 54,640 (денари/килограм)

Share
Scroll to Top