Димитриеска-Кочоска на средби со ММФ: Клучен приоритет останува одржувањето на макроекономската стабилност и стабилност на јавните финансии

Димитриеска-Кочоска на средби со ММФ: Клучен приоритет останува одржувањето на макроекономската стабилност и стабилност на јавните финансии

пред 2 часа

Владата останува посветена на одржување на макроеконмската стабилност, стабилност во управувањето со јавните финансии, спроведување фискална консолидација и обезбедување забрзан и одржлив економски раст. При тоа будно го следи и развојот на состојбата под влијание на влијание на неизвесностите на меѓународен план и презема мерки за справување со предизвиците. Ова беше истакнато на средбите на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со извршниот директор на ММФ Јерон Клик, заменик-извршниот директор Марникс ван Рај, директорот на Европскиот оддел во ММФ, Алфред Камер, со шефот на Мисијата на ММФ, Ник Гигинеишвили, како и со претставници од Одделот за фискални прашања при Меѓународниот монетарен фонд, во Вашингтон.

„Клучна цел на фискалната политика останува подобрувањето на управувањето со јавните финансии и одржување високо ниво на капитални расходи коишто ги поддржуваат дологорочните економски политики. Клучни елементи на кои ја засноваме фискалната политика се мерките за обезбедување среднорочна одржливост, дисциплина во управуањето со јавните финансии, транспарентност и отчетност во користењето на средствата, како и поддршка на економијата преку одржување на капиталните расходи на високо ниво (5% од БДП). Голем фокус е поставен на зајакнување на ефикасноста на приходната страна, особено борбата со сивата економија и дигитализација на процесите, а притоа задржување на ниските даночни стапки“, рече министерката за финансии.

Таа потенцира дека особен приоритет на Владата и Министерството за финансии е спроведување на предвидената фискална консолидација и намалување на буџетскиот дефицит, којшто од 2024 година оди во надолна линија од 4,4%, во 2025 беше реализиран буџетски дефицит од 4% од БДП и во 2026 согласно проекцијата е на ниво од 3,5% од БДП.

Како што наведе министерката, Владата и Министерството за финансии ги преземаат сите мерки и го следат развојот на состојбите на меѓународно ниво со цел да се преземат мерки за справувување со предизвиците. Посочи на мерките што се преземени со цел поддршка на бизнис секторот и граѓаните, а како резултат на растот на цената на енергенсите и дека целта е да се одржи стабилноста на јавните финансии и да се поддржи економскиот раст. При тоа беше наведено дека мерките треба да бидат таргетирани.

На средбата беше истакната поддршката што Меѓународниот монетарен фонд ја дава на Министерството за финансии во спроведување на клучните реформи во управувањето со јавните финансии и зајакнување на капацитетите на администрацијата. Во рамки на престојот во Вашингтон, министерката ќе има средба и со заменик-генералниот директор на ММФ Бо Ли.

Текстот Димитриеска-Кочоска на средби со ММФ: Клучен приоритет останува одржувањето на макроекономската стабилност и стабилност на јавните финансии е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top