Поддршка на приватниот сектор и реализација на инвестиции се приоритет во нашето работење. Најдобриот показател за тоа се бројките. Годината ќе ја завршиме со реализација на капитални инвестиции која ќе биде над 70% од планираното, а износот ќе биде над оној во 2022 година“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во одговор на пратеничко прашање на денешната собраниска седница.
„Поддршката на приватниот сектор во 2025 година е над 2,5 милијарди денари, за разлика од 2022 година била 1,4 милијарда денари, во 2023 година 2 милијарди денари. Во ТИРЗ исто така има поддршка од 2,5 милијарди денари. Бројките покажуваат дали повеќе се грижиме“, рече министерката.
Таа додаде дека дополнителна поддршка за приватниот сектор се обезбедените 15 милијарди денари со каматна стапка од 1,95% за што истакна дека Владата ги има објавено условите за користење на средствата од страна на крајните корисници – компаниите. Исто така посочи дека и кон општините се префрлаат средства врз основа на реализација.
„Нема да дозволам трансфери од буџетот како во минатото и ќе работиме со поинаква постапка. Средствата на општините ќе се префрлат по реализација. Исто така и средствата наменети за компаниите кон Развојната банка, а оттаму кон деловните банки ќе бидат префрлени парцијално. Ако има вистински инвестиции може да зборуваме за префрлање“, посочи министерката.
Таа рече дека и повратот на ДДВ се врши редовно и дека е во износ од над 2 милијарди денари на месечно ниво. „Онаму каде што имало проневера и е отворена постапка не може да се врши поврат“, наведе министерката и додаде дека се отворени постапки и по однос на други прашања.
Текстот Димитриеска-Кочоска: Приватниот сектор е наш приоритет, поголема поддршка од буџетот и дополнителни 15 милијарди денари поволни средства со камата од 1,95% е превземен од МАКФАКС.