Заев: Оваа година не очекуваме раст на цените на струјата

пред 3 години

Оваа година не очекуваме раст на цените на струјата, изјави премиерот, Зоран Заев.

„Имаме соодветни политики за да правиме меко спуштање на либерализацијата во време кога приватните компании се во слободниот пазар и не го покриваат тој гап што се јавуваше во покритието на цените на домаќинствата, но со соодветни стратегии поставени од државата веруваме дека ќе развиеме одлична стратегија која ќе предизвика огромни инвестиции од милијарди евра во фотонапонски централи за да можеме соодветно да направиме транзиција на енергетскиот сектор во Северна Македонија“, рече тој.

Заев најави низа инвестиции во обновливи извори на енергија и кажа дека тие инвестиции ќе ги чинат граѓаните.

„Уште еднаш напоменувам инвестициите во обновливите извори на енергија, треба да знаат сите како што е насекаде во светот, ќе ги чинат граѓани, заради тоа што ако сакаме здрава зелена енергија, таа се плаќа поскапо и нормално државата ќе развие планови за социјално помагање на сиромашните граѓани преку посебни програми каде што директно ќе интервенираме за нивното поднесување на сите нови политики околу либерализацијата на енергетиката во Северна Македонија и идниот раст на цените на струјата“, рече Заев.

Share
Scroll to Top