Околностите кои ја одбележаа изминатата година ја зголемуваат потребата за осигурување. Тоа го кажува анализата на бројките но и однесувањето на граѓаните, иако осигурителниот пазар во земјава минатата година забележа пад, што многу се должи на околности предизвикани од Ковид-19.
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) објави дека граѓани, компании и институции лани купиле осигурителни полиси за животно и за неживотно осигурување во вкупна вредност од 163,7 милиони евра. Во вкупната продажба на осигурителни полиси, друштвата за неживотно осигурување имаат остварено бруто полисирана премија од 135,4 милиони евра, додека од продажбата на полиси за животно осигурување се реализирани 28,3 милиони евра.
И покрај намалувањето во целина на осигурувањето лани, кај одделни видови осигурување – пред сè кај доброволното здравствено осигурување забележан е пораст. Имено, бројот на лица кои купиле здравствено осигурување лани пораснал 5 пати во однос на претходната година, а во овој вид полиси граѓаните вложиле 4,45 милиони евра што е за 45 отсто повеќе од 2019 година. Дури 93 161 граѓани повеќе од претходната година лани одлучиле да купат полиси за здравствено осигурување. Влијание врз растот на продажбата на полисите за здравствено осигурување најмногу има понудата и добрите услови, така што компании како Кроациа која поседува најраспространета мрежа на приватни здравствени установи и како дел од групација, уверува со долгогодишно искуство и знаење во осигурителниот бизнис. Но, исто така и добрите корпоративни практики на сè повеќе фирми кои купуваат полиси за здравствено осигурување за своите вработени.
Намалување на обемот на осигурување е забележан и во повеќето земји од Централна и Источна Европа. Всушност, освен во Словенија, Србија и Летонија кај кои е забележан мал раст, кај сите останати земји има пад. Според интернет страницата Xprimm.com која го следи осигурувањето и во овој регион, растот во Словенија, на пример, се должи на земјотресот во соседна Хрватска кој ги охрабри луѓето да размислат за овој вид осигурување, како и на извонредниот раст на здравственото осигурување. Земјотресите кои ја погодија Хрватска влијаеа и на раст од над 30%, на овој вид осигурување во земјата, а поради пандемијата бил забележан и раст и на дополнителното здравствено осигурување.
Во наредниот период се очекува осигурувањето да расте поради зголемување на свесноста на граѓаните за потребата од осигурување на најважното – животот, здравјето и имотот. Кроациа осигурување живот има создадено повеќе типови производи за животно осигурување, а најзастапени се производите во кои основата е штедењето, како дополнителна вредност на полисата за осигурување на живот, а уште оттаму велат дека се почесто се барани UNIТ Link производите кои вклучуваат осигурување на животот и инвестирање во инвестициски фонд, како можност за остварување повисоки потенцијални приноси. Исто така, едно од најпопуларните осигурувања, здравственото, кај Кроациа е застапено со CROCARE и CROCARE+, што овозможува користење услуги директно во приватните ординации и болници, без претходна посета на матичен лекар и без никаква заедничка релација со основното државно здравствено осигурување, а склучувањето на овој вид осигурување може да биде во индивидуална или семејна форма, зависно од тоа
дали осигуреникот настапува како единка или пак заедно со целото семејство. Додека пак домаќинското осигурување во Кроациа неживот е застапено во повеќе понуди, а пакетот може да покрива ризици од пожар, удар од гром, експлозија, град, излевање вода, удар на сопствено моторно возило во осигурени предмети, кражба, поплава, снежна лавина, лизгање и одронување, вандализам, кршење стакла за застаклени балкони, кршење санитарии, трошоци за принудна селидба, трошоци за изработка на уништени документи и слично.
Осигурувањето е обезбедување сигурност и заштитување за себе, за своето семејство, здравјето, покривот над главата и сето она што нù значи, сега во моментов но и понатаму. Неизвесноста на животните прилики ја зголемуваат потребата од секаков вид осигурување, и затоа е добро сите непредвидени ситуации да ги дочекаме подготвени.
(ПР)