Исплатени околу 4,7 милиони евра субвенции за млекарите

Исплатени околу 4,7 милиони евра субвенции за млекарите

пред 5 дена

Во текот на вчерашниот ден се исплатија 4.574 млекопроизводители со вкупен износ од 292.614.813 денари, информира Министерството за земјоделство.

„Извршената исплата е по основ на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година за периодот јули-декември 2024 година. Висината на директните плаќања изнесува 5 денари по литар за кравјо млеко и 6 денари по литар за овчо и козјо млеко“, се наведува во соопштението.

Со ова, велат од МЗШВ, субвенциите по основ на произведено и предадено млеко за 2024 година се целосно исплатени.

Текстот Исплатени околу 4,7 милиони евра субвенции за млекарите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top