Катарина Георгиевска, претприемачка: „За 10 години, сите ќе можат да уживаат во среќниот живот и руралниот туризам“

пред 3 години

Катарина Ката Георгиевска е сопственичка на „Ранчо и Ванчо на Ката“, место за кое многумина велат дека е мал рај на земјата. Во новото видео на Халкбанк ја сведочиме нејзината инспиративна приказна, за тоа како една стара селска куќа од почетокот на минатиот век денес е рурална туристичка атракција во село Оморани.

Експертка по заштита на животна средина по професија, таа нѐ води низ нејзините соништа и амбиции во следните 10 години: да го направи руралниот македонски туризам достапен за сите вљубеници во живописната природа, секој да може да доживее моменти на среќа и спокој во неа.

Погледнете го видеото во кое Ката со нескриен ентузијазам  ја гледа светлата иднина пред себе, за својот бизнис и за развојот на руралниот туризам, воопшто:

Видеосеријалот „Иднината е светла“ е дел од 10-годишнината од постоењето на Халкбанк на македонскиот пазар. Како и досега, Халкбанк продолжува со инвестирање во луѓето, нивниот потенцијал и во нивната светла иднина.

Погледнете ги останатите видеа од видеосеријалот на следниот линк.

(ПР текст)

Share
Scroll to Top