Премиерот Ковачевски изјави дека Владата на Северна Македонија стори сѐ што е потребно за ублажување на последиците со мерки кои започнаа уште минатата година поради зголемените цени на енергенсите на европските пазари.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Веднаш презедовме мерки кои беа насочени кон зачувување на стандардот на граѓаните со најниски приходи. Вторите беа насочени кон зачувување на ликвидноста на компаниите за да се зачуваат работните места и да се задржи економскиот раст. Потоа следуваше сеопфатниот антикризен пакет со повеќе од 600 милиони евра, со кој меѓу другото, обезбедивме субвенции за електрична енергија за малите потрошувачи, како и за некои деловни субјекти кои што се занимаваат со нега за деца и слично. Обезбедивме и кредити со ниски каматни стапки и други мерки поврзани со финансиските продукти кои им помагаат на енергетската транзиција на компаниите за да бидат оспособени на најевтин начин да ја применат употребата на поевтините обновливи ресурси како енергенси во нивната работа“, посочи премиерот Ковачевски.
Ковачевски уште дополни дека беа донесени мерки кои беа насочени кон сопирање на ценовните шокови за домаќинствата и за граѓаните, особено во однос на цените на храната и цените на енергенсите.
„Овде би спомнал уште една многу важна димензија во однос на справувањето со обезбедувањето на основните прехранбени продукти и цените за нив, а тоа е регионалната и директна соработка меѓу лидерите во регионот кои докажа дека Балканот може да биде навистина место каде може да соработуваме и да си помагаме. Имавме секојдневна комуникација со претседателот на Србија Вучиќ и со премиерот на Албанија Рама, како и со премиерот на Бугарија, со премиерот на Грција и причината на таа комуникација беше да се обезбеди непрекинат транспорт и трговија со сите стратешки неопходни прехранбени продукти за да немаме недостатоци во регионот и тоа даде резултати затоа што во сите овие земји немаше недостаток на храна и на енергенси дури ни еден единствен ден за време на зимата“, истакна премиерот Ковачевски и додаде дека кога во Албанија недостасуваше сончогледово масло во продавниците, Северна Македонија донесе одлука да ги извезе потребните количини за Албанија.
Ковачевски потенцираше дека поединечните мерки од сите земји се секогаш подобри кога се придружени од добра и отворена комуникација со сите соседни земји во регионот и дека во таа насока последниот Самит на земјите членки на процесот на соработка во Југоисточна Европа во Солун пред две седмици ги поканил Турција, Грција, Италија да се придружат на иницијативата „Отворен Балкан“ како земји набљудувачки за да ја зголемат таа регионална соработка и да ги зближат граѓаните и деловните субјекти од целиот поширок регион.
Во однос на движењата на инфлацијата, премиерот Ковачевски истакна дека мерките што ги презеде Владата на Република Северна Македонија дадоа резултат и на овој план и стапката на инфлација во земјата е пониска од некои земји членки на ЕУ.