Комерцијална разговара со повеќе инвеститори за преземање на „Еуроникел“, работници ќе им требаат, но преговорите се тајна

Комерцијална разговара со повеќе инвеститори за преземање на „Еуроникел“, работници ќе им требаат, но преговорите се тајна

пред 11 месеци

Комерцијална банка извести дека во тек се преговори со повеќе заинтересирани инвеститори за купување на имотот и опремата на комбинатот „Еуроникел“, кои сега се во сопственост на Банката.

Како што наведуваат во соопштението, заради доверливоста на преговарачкиот процес со потенцијалните инвеститори, банката не е во можност во моментот да споделува повеќе информации во врска со оваа постапка.

„Притоа, секако дека на секој потенцијален купувач на имотот и опремата на „Еуроникел“ ќе му требаат и работници за извршување на производниот процес“, велат од Комерцијална банка.

Од таму особено истакнуваат дека евентуалното отворање стечајна постапка врз „Еуроникел“ нема никаква врска и допирни точки со сопственоста на банката врз преземениот имот и опрема.

„Овој имот и опремата во никој случај нема да бидат дел од стечајната постапка и Комерцијална банка е слободна да ги продава без никакви ограничувања“, се додава во соопштението од банката.

Текстот Комерцијална разговара со повеќе инвеститори за преземање на „Еуроникел“, работници ќе им требаат, но преговорите се тајна е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top