„Лидл“ ќе отвори маркети во осум града во Македонија

пред 3 години

Германската компанија „Лидл“ ќе отвори маркети во осум града во Македонија, најави денеска премиерот, Зоран Заев.

Тој кажа дека ќе биде отворен маркет во Скопје и во уште седум града, но засега не се знае во кои.

„Вредноста на инвестицијата е 300 милиони евра се преговараат во моментот локациите, прво во Скопје. Важно е што обврска на инвеститорот е за откуп и продажба на домашни земјоделски и кондиторски и секаков вид на производи кои се компетитивни за сите маркети на ‘Лидл’ во југоисточна Европа“, рече Заев.

Share
Scroll to Top