Митева: Тврдењата на власта дека има добри резултати во делот на странските инвестиции се неточни

Митева: Никогаш не било полошо, само 20 отсто раст на БДП за 7 години власт на СДС и ДУИ

пред 12 месеци

Во периодот од 2017 до 2023 година растот на БДП на жител во Македонија е само 20 %, а кај сите други држави од регионот е 50 %, а некаде и над тоа, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

„Имено, додека во Македонија економијата пораснала 20 %, во БиХ таа се зголемила 42 %.

Додека Македонија има раст од 20 %, во Србија растот е 50 %. А за истиот период во Бугарија БДП на жител се зголемил 64 %.

Повеќе од двојно поголем раст од Македонија има и Албанија, каде што во периодот од 2017 до 2022 година БДП на жител пораснал 52 %.

Во 2017 Македонија има поголем БДП на жител и од Албанија и од БиХ, сега и двете земји што беа зад нас нѐ поминаа, а Србија, Бугарија и Црна Гора сѐ уште повеќе пред нас.

Власта лажеше дека инфлацијата е увезена, а сведоци сме дека имаме 50 % поголема инфлација од еврозоната, каде што се наоѓаат нашите најголеми трговски партнери. Додека во Македонија се живее полошо од пред 7 години, денес во Македонија се живее полошо од сите земји во соседството, од БиХ до Албанија.

Сите овие држави се наоѓаат на Балканот, имаат слична економска основа и појдовна точка, сите се соочуваат со слични предизвици, единствена разлика помеѓу Македонија и сите други е тоа што овде на власт се СДС и ДУИ, кои, наместо за граѓаните, работат само за себе.

Затоа, Македонија не само што не оди напред туку и тоне.

Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, рече Митева.

Текстот Митева: Никогаш не било полошо, само 20 отсто раст на БДП за 7 години власт на СДС и ДУИ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top