Мицкоски: Ќе се примаат 300 професионални војници, сите млади луѓе коишто сакаат да се вклучат ги повикувам да се пријават

Мицкоски: Добив одлична вест во авион – растот на индустриското производство за март е 5,2 отсто

пред 2 дена

На пат од Валенсија кон Скопје, добив одлична вест во авион: раст на индустриското производство за март од 5,2% на годишно ниво, споредено со март 2024 година и после долго време раст на индустриското прозводство на квартално ниво, објави премиерот, Христијан Мицкоски.

„Имено, во првиот квартал од 2025 споредено со првиот квартал од 2024 година, индустриското производство порасна за 2%. Посебно радува фактот што расте преработувачката индустрија во Март за 4,8%, а во првиот квартал за 3,6%. Што наследивме како влада? Во вториот квартал од 2024 година, индустриското производство паѓаше со -7%, а индустријата беше во тешка рецесија. Следеа два квартали на стабилизација и конечно имаме во првиот квартал од 2025 година раст на индустриското производство, во исклучително сложени услови за Европската економија и автомобилската индустрија“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.

Според него, ова се солидни индикатори и инспирација Владата да продолжи со дисциплинирани и развојни економски политики.

Текстот Мицкоски: Добив одлична вест во авион – растот на индустриското производство за март е 5,2 отсто е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top