Мицкоски: Остануваме на проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти 

Мицкоски: Остануваме на проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти 

пред 8 часа

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа какви се очекувањата за движењето на економијата во делот на БДП, изјави:

„Ние остануваме на оние проекции коишто ги имавме, дека ќе биде над 3,5 проценти. Имајќи предвид дека во првиот квартал остваривме раст реален од 3,1 отсто, а со усогласени вредности 3,3 проценти, сезонски усогласени вредности 3,3%, што во однос на бруто домашниот производ претставува еден од најдобрите во Европа, во овој момент. Колку и да сакаат поединци да ја извртуваат вистината или сатирично да го пренесуваат сето тоа. Но за нив имам лоша вест, Македонија забрзува, Македонија победува и Македонија како многу пати во историјата ќе победи.“

Текстот Мицкоски: Остануваме на проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти  е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top