Мицкоски: Со средства од унгарскиот кредит се зголемува производниот капацитет на „АКТИВА Штип“

Мицкоски: Со средства од унгарскиот кредит се зголемува производниот капацитет на „АКТИВА Штип“

пред 4 часа

Со средства од унгарскиот кредит се зголемува производниот капацитет на „АКТИВА Штип“, најави премиерот, Христијан Мицкоски.

„Денеска заедно со градоначалникот на Штип сме во производниот погон на „АКТИВА Штип“. За мене навистина претставува задоволство што еве и ние како Влада сме на некој начин учествувале да овој производен капацитет добие поинаква физиономија, односно да сопствениците на „Актива Штип“, користејќи го оној заем за којшто зборувавме во минатото, вложат во нови поразводни капацитети, а тие нови производни капацитети имаат голема додадена вредност во македонската економија и во локалната економија, овде во Штип“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека овој навидум на почетоците мал семеен бизнис, денеска прераснува во гигант за македонски услови.

Текстот Мицкоски: Со средства од унгарскиот кредит се зголемува производниот капацитет на „АКТИВА Штип“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top