Можно е Маск да побара пониска цена за „Твитер“: Колку повеќе прашувам, толку сум позагрижен

пред 2 години

Американскиот претприемач и милијардер, Илон Маск, навести дека можеби ќе побара пониска цена за купување на „Твитер“, проценувајќи дека е можно на таа социјална мрежа да има најмалку четири пати повеќе лажни профили отколку што тврди компанијата.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Не може да се плати истата цена за нешто што е многу полошо отколку што тврдеа“, рече тој на конференција во Мајами во понеделникот вечерта.

Маск, кој во петокот соопшти дека го одложил договорот за купување на „Твитер“ од 44 милијарди долари додека не добие информации за лажните налози и спамови, рече дека се сомнева оти тие сочинуваат најмалку 20 отсто од корисниците, во однос на официјалната проценка на „Твитер“ од 5,0 отсто, пренесува „Ројтерс“.

Запрашан дали е остварлив договор за купување на „Твитер“ по различна цена, Маск рече: „Мислам дека тоа не е исклучено. Колку повеќе прашања поставувам, толку повеќе расте мојата загриженост“.

Тој додаде дека директорите на „Твитер“ велат дека имаат сложена методологија што само тие можат да ја разберат. „Не може да се работи за некоја до толку длабока мистерија што е, на пример, посложена од човечката душа или нешто слично“, кажа Маск.

Акциите на „Твитер“ продолжија да тонат при тргувањето доцна попладне во понеделникот, по коментарите на Маск. Акциите паднаа за повеќе од 8,0 отсто на 37,39 долари, што е под нивото на кое беа еден ден пред Маск на почетокот на април да открие дека купил 9 отсто од уделот во компанијата.

Share
Scroll to Top