На Германија годишно и’ се потребни 288.000 странски работници: „Пред нас е огромен предизвик“

На Германија годишно и’ се потребни 288.000 странски работници: „Пред нас е огромен предизвик“

пред 4 недели

Дологорочно, германскиот пазар на труд секоја година во значителна мера зависи од имигрантите – ова е заклучокот од анализата нарачана од фондацијата Бертелсман.

Со цел да се задоволат потребите за работна сила и да се обезбеди благосостојба на Германија, имиграцијата на меѓународни работници, особено од трети земји, станува сè поважна. Затоа, до 2040 година ќе бидат потребни приближно 288.000 меѓународни работници годишно за да се обезбеди доволна понуда на работна сила.

Според студијата, бројот на работници без дополнителни имигранти ќе се намали до 2040 година од сегашните 46,4 милиони на 41,9 милиони. До 2060 година тој број, без дополнителна имиграција, би можел да се намали за една четвртина, на само 35 милиони, пишува „Дојче веле“.

„Демографските промени, кои во наредните години поради пензионирањето на генерацијата ќе претставуваат големи предизвици за германскиот пазар на труд, бараат и имиграција“, вели Сузане Шулц, експерт за миграција од фондацијата Бертелсман.

„Се разбира, пред сè, мора да се развие домашниот потенцијал на работната сила – и локалните жители и луѓето кои веќе се вселиле и да се зголеми нивното учество на пазарот на трудот. Сепак, идните потреби до 2040 година не можат да се задоволат само на овој начин.“

Реформираниот закон за имиграција на квалификувана работна сила дава нови можности за работниците заинтересирани за Германија. Сепак, според студијата, тие нема да дојдат без изразена култура на добредојде во институциите, компаниите и заедниците, како и без долгорочни изгледи за престој.

До 2024 година, нема да бидат подеднакво погодени сите германски сојузни покраини од недостатокот на имиграција. Според студијата, најголем пад на работната сила ќе биде забележан во Тирингија, Саксонија-Анхалт и Сар, со повеќе од десет проценти. Помал пад, под десет проценти, се очекува во Хамбург, Берлин и Бранденбург.

Нивото на потребите за имиграција во сојузните покраини зависи од проекцијата на потребната работна сила до 2040 година.

Текстот На Германија годишно и’ се потребни 288.000 странски работници: „Пред нас е огромен предизвик“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top