Нова кредитна линија, 100 милиони евра евтини кредити за домашните компании

пред 3 години

Министерството за финансии потпиша договор со Европската инвестициона банка за 100 милиони евра наменети за евтини кредити кои ќе се реализираат преку Развојната банка на Северна Македонија, изјави Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

Со овие средства, додаде таа, ќе се поддржат најмалку 300 проекти на мали и средни претпријатија.

„Условите под кои ќе се даваат кредитите до фирмите се исклучително поволни, со рок на отплата до 12 години и вклучен грејс-период од 2 години, зависно од тоа дали кредитите ќе бидат наменети за инвестиции или зголемување на потребите за обртни средства. Станува збор за кредити по исклучително поволна повластена каматна стапка, која за првите транши би изнесувала до 1,6 отсто“, рече Колева.

Според неа, овие пари директно ќе се вбризгаат во домашната економија, кои ќе значат нови инвестиции, зачувување на работните места и можност за отворање нови.

Share
Scroll to Top