Новиот и целосно електричен SUV на Opel, ќе го носи името Frontera!

Новиот и целосно електричен SUV на Opel, ќе го носи името Frontera!

пред 11 месеци

· Одржлива мобилност: нов SUV за зголемување на гамата на електрични модели на Opel.

· Фокусирани на иднината: од страна на Opel, новиот модел наречен Frontera ќе биде претставен подоцна оваа година.

Руселсхајм. Opel го најави враќањето на името Frontera во 2024 година и тоа на целосно новиот SUV модел на брендот. Новата Frontera, која ќе биде претставена подоцна оваа година, ќе биде забавен автомобил со паметни функционални карактеристики. Ќе прикаже нова робустна интерпретација на смелата и елегантна дизајнерска филозофија на Opel и ќе биде првиот сериски автомобил од германскиот бренд, што ќе го носи новиот „Blitz“ на Opel. Новата Frontera ќе биде достапна како електрично возило од самиот почеток.

Извршниот директор на Opel, Florian Huettl изјави: „името „Frontera“ идеално прилега на нашиот нов возбудлив SUV модел. Новиот опелов модел ќе има самоуверен карактер и ќе биде позициониран токму во сржта на пазарот“.

Новата Opel Frontera ќе располага со огромен простор и разноврсност и на тој начин ќе им се допадне на клиентите кои сакаат авантури, како и на семејствата. Овој нов модел ќе ја продолжи долготрајната традиција на Opel да овозможува мобилност и биде широко достапен за клиенти преку својата атрактивна цена.

Оваа година, заедно со пристигнувањето на електричната верзија на новата Frontera, планирано е промовирање на најновата генерација на Opel Grandland, исто така во целосно електричната верзија. Ова ќе означи важна пресвртница во транзицијата на брендот од Руселсхајм, кон целосно електричен бренд. Opel притоа ќе понуди, барем по една електрична верзија од целата своја гама.

Широкиот асортиман на Opel електричните модели започнува од четирициклот Rocks Electric, Corsa Electric, Mokka Electric, Astra Electric и Astra Sports Tourer Electric, до новите Combo Electric и Zafira Electric. Денес, веќе се достапни електрични верзии и од целото портфолио на комерцијални возила, вклучувајќи го новиот Combo Electric, новиот Vivaro Electric и новиот Movano Electric.

Во наредните недели, Opel ќе ги прикаже првите слики од новата Frontera, заедно со подетални информации за новиот модел.

(ПР)

Текстот Новиот и целосно електричен SUV на Opel, ќе го носи името Frontera! е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top