Пекабеско донираше заштитни маски и мантили на Инфективната клиника

пред 4 години

Пекабеско донираше 42.800 парчиња трослојни заштитни маски и 5.000 заштитни мантили во висина од 1.180.000 денари и со тоа се приклучи на општествено-одговорните компании, организации и хумани граѓани кои постојано пружаат несебична поддршка на здравствениот систем, а особено на здравствените работници на Инфективната клиника кои неуморно се справуваат и се ангажирани во лекувањето на голем број наши сограѓани заболени од коронавирусот.

„Како компании-лидери имаме двојна одговорност во вакви кризни времиња. Првата е секојдневно да се бориме со економските последици, а истовремено да се избориме да го задржиме бројот на вработени и редовно да ги плаќаме платите, даноците и другите јавни давачки со цел да придонесеме за функционирање на целокупниот општествено-економски систем. Втората улога која е еднакво важна, а тоа е максимално да ја покажеме личната и корпоративната одговорност, давајќи конкретна поддршка и помош за здравствените работници кои деноноќно се наоѓаат во првите Ковид-19 борбени редови“, истакна Првиот Извршен директор на Пекабеско, Слободан Кутревски.

Ок компанијата најавуваат дека поддршката која ја обезбедуваат во борбата со Ковид-19 ќе продолжи и во иднина.

„Постојано сме во координација со нашите партнери и соработници во рамки на општествено-одговорната компонента на Пекабеско. Веќе се планираат и донации во храна за дел од семејствата кои се во социјален ризик, како и други активности онаму каде што е најнеопходно. Би сакал да ги повикам сите наши соработници и други компании да ги следат општествено одговорните практики на бизнис заедницата, бидејќи во оваа криза предизвикана од Ковид-19 е повеќе од неопходно секој од нас да го даде својот придонес во рамки на своите можности.“, посочи Кутревски.

Од почетокот на ковидкризата, Пекабеско во неколку наврати донираше пакети со храна за социјално загрозени семејства. Компанијата ја продолжи и годишната соработка за поддршка на Пунктот за бездомници на Црвениот Крст на Градот Скопје преку донација на производи.

Исто така, на почетокот на коронакризата, Пекабеско изврши аконтативна уплата на целокупниот пресметан данок на добивка за 2020 година, а презема и низа на други мерки со цел дополнителен конкретен придонес во националната борба против коронавирусот.

(ПР текст)

Share
Scroll to Top