По повеќе од една година од двете смртоносни несреќи, „Боинг 737 Макс“ се враќа на небото

пред 4 години

Бразилската авиокомпанија „Гол“ стана првата авиокомпанија што продолжи со комерцијалните летови со „Боинг 737 Макс“, објави Би-би-си.

Авионот беше приземјен ширум светот од март 2019 година по две смртоносни несреќи во кои загинаа 346 лица.

Но, по ремонтот, првиот патнички лет полета од Сао Паоло до градот Порто Алегре.

„Гол“ претходно соопшти дека 140 нејзини пилоти поминале обука на ремонтираниот авион во САД.

Досега само САД и Бразил го ресертифицираа авионот.

„Гол“, најголемата авиокомпанија во Бразил, има седум авиони „Боинг 737 Макс“ кои планира да ги користи на 27 домашни комерцијални летови.

„Боинг“ беше принуден да ги приземји „737 Макс“ авионите по две несреќи во рок од пет месеци, во кои загинаа 346 лица.

Производителот на авиони оттогаш спроведе серија измени, вклучувајќи ажурирање на софтверот за контрола на летот и ревидирање на процедурите на екипажот.

Share
Scroll to Top