Минималната синдикална кошница за февруари изнесува 63.773 денари и е 521 денари повисока отколку во јануари годинава кога беше 63.252 денара, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија.
Со изнајмен стан од 60 квадратни метри таа изнесува 79.148 денари, е истакнато во соопштението.
Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 23.427 денари или 36,7 отсто, за облека и обувки 5.800 денари или 9,1 отсто, за станарина, вода, електрична енергија и за греење 6.096 денари или 9,6 отсто. За лична хигиена и за одржување на хигиената во домот треба да се одвојат 2.195 денари или 3,4 отсто, за здравје 1.135 денари или 1,8 отсто, за транспорт 4.844 денари или 7,6 отсто.
За комуникации на едно четиричлено семејство во февруари годинава му биле неопходни 3.417 денари или 5,4 отсто од износот на минималната кошничка, за рекреација и култура 4.592 денара или 7,2 отсто, за образование 7.036 денари или 11 отсто, за ресторани и хотели 4.131 денар или 6,5 отсто, а за други стоки и услуги 1.100 денари или 1,7 отсто.
Текстот Повисока за 521 денар: минималната синдикална кошничка за февруари изнесува 63.773 денари е превземен од МАКФАКС.