Потпишан Меморандум за соработка на даночните администрации во Западен Балкан

пред 2 години

Директорите на даночните администрации на Република Северна Македонија, Сања Лукаревска, на Р. Србија, Драгана Марковиќ, и Р.Албанија, Цено Клоси, денеска во Охрид, во рамки на „Самитот Отворен Балкан“, потпишаа Меморандум за соработка на даночните администрации во Западен Балкан.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Целта на овој Меморандум е продлабочување на соработката, унапредување на меѓусебните односи, развој и размена на искуства во приоритетните области на даночните институции.

Соработката во рамки на „Отворен Балкан“ е можност за поврзување на регионот, заедничка борба против фискалната евазија, како и примена на напредни методи за наплата на приходите, трансфер на знаење и размена на најдобрите практики и искуства.

Даночните администрации на трите земји, заеднички ќе работат на воспоставување на услови за намалување на бирократијата со цел даночните обврзници да ги почувствуваат придобивките од слободниот проток на капитал, стоки, услуги и разни добра.

Преку ваквите соработки се отвораат можности и за подобрување на конкурентноста на компаниите, нови инвестиции, отворање на нови поголеми пазари а со тоа и раст и развој на бизнисите во регионот.

Share
Scroll to Top