Претседателката на ММФ: Живееме во свет на бавен економски раст и високи долгови

Претседателката на ММФ: Живееме во свет на бавен економски раст и високи долгови

пред 3 месеци

Меѓународниот монетарен фонд може да им помогне на земјите да се приспособат на бавниот економски раст и високиот долг бидејќи ова е светот во кој моментно живееме, изјави денеска претседателката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, на конференцијата за одржливост во Хамбург.

Според неа, тоа значи дека реформите што придонесуваат за раст, подобрување на инвестициската клима и напредок на пазарот на трудот треба безмилосно да се одложат.

„Меѓународниот монетарен фонд може да им помогне на своите членки да ги спроведат неопходните реформи, со што овие земји ќе имаат потенцијал да го зголемат растот на БДП во текот на четири години за осум отсто“, додаде Георгиева, пренесува „Танјуг“.

Конференцијата беше отворена со говорот на германскиот канцелар, Олаф Шолц.

Текстот Претседателката на ММФ: Живееме во свет на бавен економски раст и високи долгови е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top